Илија Тентов е новиот градоначалник на Дојран

Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во наредните четири години ќе биде на чело на оваа општина. По одржаниот втор круг на изборите за градоначалник, според првични нефоцијални информации, тој победил со околу 500 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев.
Тентов за укажаната доверба се заблагодари на неговиот фејсбук профил, каде меѓу другото напиша:
-Од длабочината на мојата душа ви благодарам за довербата, љубовта и поддршката!Оваа победа не е само моја – ова е победа на сите нас, на луѓето што веруваат во чесност, труд и подобро утре! Благодарам Нов Дојран, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели и Куртамзали! Вашиот глас е мојата сила, вашата вера – моја обврска!Заедно ќе работиме, ќе изградиме посилен, почист и поблескав Дојран, место на гордост и сплотеност.Ние сме единство, од денес ние сме тим!, напиша Тентов.