ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Исчистени диви депонии низ наслените места во Општина Василево
ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината.
Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача преку својот ФБ профил,градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево.