fbpx

Мигрант потешко повреден откако во него удрил воз

 Мигрант потешко повреден откако во него удрил воз

На 19.05.2023 околу 23:18 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на железничка пруга во атар на село Негорци, гевгелиско, товарен воз на Железници на Северна Македонија, кој сообраќал на релација Трубарево – Гевгелија, удрил во машко лице мигрант. Притоа, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гевгелија.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Фото: архива

Share via
Copy link