Полицијата затекнала малолетници во угистителски објекти, во еден им се точело и алкохол
Одбележан Денот на пожарникарите
Со презентација на опремата пред граѓаните и ученици од основни училишта денеска во Градскиот парк, струмичките пожарникари го одбележаа 20 Мај-Денот на пожарникарите.
Во изјавата за медиумите, командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, истакна:
-Денот на пожарникарите го одбележуваме во сежавање на фрмирањето на првите против пожарни друштва во државата, чии почетоци датираат уште од средината на 18 век. Нашата ТППЕ Струмица од година во година бележи квалитетен напредок и е опремена со најсовремени опрема за секаков вид на предизвици. Посебно сме горди што нашиот тим за брз одговор беше дел од Републичките сили кои ја пружија првата помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турцијам, рече Гудев.
Денот на пожарникарите го честиташе и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Споделувајќи ги капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица со граѓаните, а посебно со децата, денеска во градскиот парк го одбележавме 20 Мај, Денот на македонското пожарникарство.Овој ден е посветен на храбрите луѓе кои секојдневно се изложени на потенцијален ризик, исправени пред огнот како најголем непријател и пред товарот на одговорност за спас на човечки животи, домови, шуми, но и во справувањето со разни елементарни непогоди или со последици од сообраќајни несреќи. Ви благодарам што постоите. Вие сте хероите на градот и општината, Вие сте наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот. Продолжете во таа насока за наше добро, за доброто на секој од нас поединечно, но и за доброто на целата наша општина.Нека ви е честит и вековит 20 Мај – Денот на пожарникарите, стои во честитката на Костадинов.