fbpx

Изгаснат пожар на отворено кај селото Пирава

 Изгаснат пожар на отворено кај селото Пирава

Вчера во 15:00 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на место викано „Мера“, атар на село Пирава, валандовско, настанал пожар во кој изгореле сува трева и нискостеблеста вегетација, информираа од СВР Струмица.

Во 21.30 часот по интервенција на екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Share via
Copy link