Пожарот што избувна вчера (24.07.2022 год.) околу 13:30 часот во атарот на село Ѓавато е успешно изгаснат, односно под контрола и нема нови жаришта, објави градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов. -Екипите се сеуште на терен и будно ја пратат состојбата.Пожарот беше со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со […]
Tags : изгаснат
Денеска во 11:30 часот во атарот на село Габрово, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева, грмушки и дел од нискостеблеста шума. Пожарот кој зафати површина од околу 4 хектари е успешно локализиран и ликвидиран околу 17:30 часот.
Вчера во 15:00 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на место викано „Мера“, атар на село Пирава, валандовско, настанал пожар во кој изгореле сува трева и нискостеблеста вегетација, информираа од СВР Струмица. Во 21.30 часот по интервенција на екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Изгорени се над десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, исто така, во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови од првиот, вториот и третиот кат од Трговскиот центар “Глобал“. Ова е првичниот биланс од големиот пожар кој избувна синоќа по 23:00 часот во […]
Денес во раните утрински часови екипите на ТППЕ Струмица успеаја да го изгаснат пожарот што вчера избувна во атарот на населеното место Едрениково и набрзо се прошири кон соседното Владевци и регионалниот пат Струмица-Радовиш, опожарувајќи го целиот простор. Гореше сувата трева и нискостеблестата шума што се најде на патот на огнените јазици. Доцна синоќа преку […]