fbpx

Изгаснат голем пожар на отворено кај селото Габрово

 Изгаснат голем пожар на отворено кај селото Габрово

Денеска во 11:30 часот во атарот на село Габрово, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева, грмушки и дел од нискостеблеста шума.

Пожарот кој зафати површина од околу 4 хектари е успешно локализиран и ликвидиран околу 17:30 часот.

Share via
Copy link