fbpx

Утре во Струмица караван за имунизација против Ковид-19

 Утре во Струмица караван за имунизација против Ковид-19

ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица во соработка со Министерство за здравство и поддршка од СЗО, УНИЦEФ и УСАИД утре организира караван за имунизација против Ковид-19.

Караванот ќе се одржи на : 24-ти Март 2022 (Четврток) на градскиот плоштад во Струмица од (12 до 16 часот) и 25-ти Март 2022 (Петок) на центарот во Општина Ново Село (kај пазарот) од (12 до 16) часот.

За време на караванот граѓаните ќе можат да добијат информации за вакцините против Ковид-19 да се вакцинираат да ги евидентираат примените дози во странство.

Вакцините се многу побезбеден начин да се развие имунитет од КОВИД-19, отколку прележување на вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет .

Третата доза обезбедува континуирана заштита од тешка болест и смрт предизвикани од КОВИД-19 и им помагаат на луѓето да развијат максимална заштита од сите варијанти на вирусот.

Share via
Copy link