Изгореа магацини на „Комуналец“

 Изгореа магацини на „Комуналец“

-Вчера во 17:25 часот, во кругот на ЈПКД Комуналец во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители, објавија од ТППЕ Струмица.

Во обвјавата се наведува дека пожарот бил во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење.

-Беше побарано од страна на ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше изврши отварање на лимениот кров и овозможи обезчадување на просториите.Пожарот е локализиран и ликвидиран, на лице место сеуште дежури еден тим заради целосна контрола. Причинета е голема материјална штета, објавија струмичките пожарникари.

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link