Јанков: Изборниот ден да помине во фер и демократски услови, вечер да прогласиме победа

 Јанков: Изборниот ден да помине во фер и демократски услови, вечер да прогласиме победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, го оствари своето право на глас, порачувајќи дека денешниот ден е од големо значење за сите граѓани.

​Тој изрази надеж дека изборниот процес ќе се одвива во согласност со демократските принципи.

​„Посакувам денешниот изборен ден да помине во фер и демократски услови“, кратко изјави Јанков по гласањето.
​Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека очекува позитивен исход и прослава на изборните резултати вечерва.

​„Вечер посакувам во пријатна и радосна атмосфера да ги објавиме изборните резултати“, истакна Јанков.

Share via
Copy link