fbpx

ЈПКД „Турија“ Василево го чисти поројот во село Сушево

 ЈПКД „Турија“ Василево го чисти поројот во село Сушево

ЈПКД „Турија“, Василево во соработка со општина Василево деновиве го чисти речното корито во населеното место Сушево односно поројот кој минува низ самото населено место и го дели на два дела. Се отстранува наталожениот материјал и  диво израснатата  вегетација.

Според информацијата од директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓорѓиев,  ќе биде исчистено целото корито, почнувајќи од влезот на населеното место, па до крајот кој изнесува околу 1.200 метри.

-Чистењето се врши со механизацијата на ЈПКД „Турија“, се отстранува наносниот материјал, како песок, чакал и  вегетацијата, главно трева и грмушки израснати во самото корито. Со тоа ќе се обезбеди непречено течење на водата во секави временски услови со што ќе се спречи излевање и предизвикување штети дури и во услови на обилни и поројни врнежи, информираше директорот Ѓорѓиев.

Планирано е оваа активност да заврши до крајот на оваа седмица, по што, комуналното претпријатие ќе продолжи со чистење на каналите и во другите населени места во општината.

Во изминатиот период маханизацијата на  „ЈПКД Турија“, бише ангажирана на чистење на пороите во населените места Пиперево, Василево и Градашорци.

Share via
Copy link