Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Премиерот Заев во интервју за „KOHA“: ФФМ е заробена како што ни беше државата
На прашањето дали има конфликт меѓу премиерот Заев и првиот човек на ФФМ?, премиерот Заев рече:
-Има конфликт да, јас мислам дека ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што разполага ФФМ буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободна. Зошто? Заради тоа што Собранието на ФФМ е спротивно на законот на спорт, значи нешто кога се прави надвор од законот тогаш е проблем, сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат, или Пандев да нема делегати или не знам Скупи, мора да имаат тие го прават фудбалот. Некои други имаат таму делегати преку општински фудбалски сојузи, притоа ОФС се застапени со 10-15 %, женскиот фудбал е застапен со 5-10% незнам како..но доминираат преку 50% самите фудбалски клубови се знае колку прволигашите, колку втора лига, колку трета лига, општиснки лиги и слично.
Повеќе во интервјуто на премиерот Зоран Заев на следниот линк.