fbpx

Југослав Тренчовски е нов тренер на кувајтски Ал-Араби

 Југослав Тренчовски е нов тренер на кувајтски Ал-Араби

Македонскиот тренер Југослав Тренчовски својата кариера во новата сезона ќе ја продолжи како ќе биде шеф на стручниот штаб на кувајтски Ал-Араби.

Тренчовски минатата сезона ја раководеше академијата на овој клуб кој е повеќекратен шампион на Кувајт, а од оваа ќе биде прв тренер. За него ова ќе биде прв тренерски ангажман по Aкадемија Пандев со кој го освои купот на Македонија.

Ал-Араби минатата сезона ја финишира на седмата позиција во кувајтското првенство, но во новата амбициите ќе бидат повисоки.

Share via
Copy link