fbpx

Изгоре куќа во Костурино

 Изгоре куќа во Костурино

Денеска околу 11 часот во село Костурино, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена куќа.

Во моментот на пристигнување пожарот беше во разгорена фаза и веднаш беше пристапено кон негово локализирање со што се спречи ширењето кон околните објекти.

Пожарот бил целосно ликвидиран во 12:40 часот.

Share via
Copy link