Денеска во 09:30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило, соопштија струмичките пожарникари. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење. Причинета е значителна материјална штета.
Tags : изгоре
Вчера во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија, Т.Д.(64) од село Смоквица, гевгелиско, пријавил дека настанал пожар на неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, паркирано во плац на регионален пат 1102 во близина на Негорски бањи, соопштија денеска од СВР Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени […]
Денеска во 13:25 часот, во атарот на село Владевци, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возила и 4 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запален комбајн, соопштија струмичките пожарникари. Пожарот е локализиран и ликвидиран кратко време по пристигнувањето.
Денеска околу 11 часот во село Костурино, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена куќа. Во моментот на пристигнување пожарот беше во разгорена фаза и веднаш беше пристапено кон негово локализирање со што се спречи ширењето кон околните објекти. Пожарот бил целосно ликвидиран во 12:40 […]
На 15.11.2021 во 02.00 часот во Полициска станица Валандово било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.М.(44) од село Калково, валандовско, во кој изгореле куќата и покуќнината. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Валандово. Увид на местото извршиле екипа на ОВР Валандово и инспектор од Дирекција […]