fbpx

Кај Богданци пронајдени 86 мигранти во камион

Вчера во 23:30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје, соопшти денеска МВР.

При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link