fbpx

Приведени дилери во Радовиш, пронајдена марихуана

 Приведени дилери во Радовиш, пронајдена марихуана

На 22.07. и 23.07.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш, информираа од МВР.

Имено, на 22.07.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.. Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.07.2022) во 10.00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото:архива

Share via
Copy link