Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Одбележана десетгодишнината од големиот шумски пожар над Струмица
Денеска се навршуваат точно 10 години од големиот шумски пожар што се случи во месноста „Двата пата“ над Струмица, во кој браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица ги дадоа своите животи во одбрана на градот од огнената стихија.
По тој повод претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица, противпожарната единица и политички партии, положија свежо цвеќе и им оддадоа достојна почит на четворицата херои.
За нивната пожртвуваност и херојство, зборуваше Дениза Стамболиева, член на Советот на општина Струмица.
-И по 10 години сеќавањата се свежи, а болката неутешна за семејствата на загинатите. Со невидена храброст и натчовечки напори беше спречена трагедија од поголеми размери, но за жал во таа борба со огнената стихија животот го загубија четворица наши сограѓани.Денеска, кога стоиме овде пред Соменикот кој засекогаш ќе сведочи за големото херојско дело на браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица, ја упатувам пораката никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија, рече Стамболиева.