Кај жител на Богданци полицијата пронајде 1,1 килограм марихуана

 Кај жител на Богданци полицијата пронајде 1,1 килограм марихуана

Вчера во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци, соопшти МВР.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.


Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава.

Фото: илустрација архива

Share via
Copy link