fbpx

Ќе се гради првиот булеварски мост во историјата на Струмица

 Ќе се гради првиот булеварски мост во историјата на Струмица

-Вчера реков дека најдоброто допрва доаѓа!Денеска го потпишав договорот за најголемиот капитален проект во општина Струмица, кој што е клучен за развој на долниот дел на градот и финансиран исклучиво од буџетот на општина Струмица, објави градоначалникот Костадинов.

-Реализираме клучно, стратешко изборно ветување уште во првата година од мандатот.Мостот на река Водочница е прв булеварски мост кој ќе биде изграден во историјата на Струмица, вреден 30 милиони денари.Ова значи почеток на реализација на нов булевар Братство и единство!Најавувам уште многу големи капитални инвестиции!Нека ни е со среќа прогресивна Струмицо.Мостот обединување нека биде почеток на народното обединување во Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link