fbpx

Ќе се реконструира локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центар на село Добрашинци

 Ќе се реконструира локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центар на село Добрашинци

-Пред една година ветив асфалтирање на локалниот пат од крстосница со пат кон Брана Турија до центар во с.Доброшинци кој е навистина во катастрофална состојба.  Од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Од првиот ден кога станав градоначалник активно работиме на проектот за реконструкција на патниот правец локален пат од крстосница со пат кон Брана Турија до центар во с.Доброшинци. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од населените места Добрашинци,Нова Маала, Висока Маала и Чанаклија“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, најавувајќи ја реконструкцијата на локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центарот на село Добрашинци, за кој на страната  на Бирото за јавни набавки, https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/international-donor-announcements, е  објавен тендер.

Рокот за достава на понудите е до 25 јануари, 2023 година а  рокот  за изградба на патот три месеци од денот на започнувањето.

Според податоците од тендерската документација, должината на овој локален пат што ќе се реконструира  изнесува 1,32 км, а ширината е околу 6 метри, односно 7554 масфалт.

Средствата се обезбедени од Светска Банка, преку Проект за поврзување на локални патишта на  Министерството за транспорт и врски на РСМакедонија.

Share via
Copy link