По дваесетти пат доделен Инженерски прстен на најдобрите дипломирани инженери
Колективниот договор во културата започнува со примена од јули
На средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, и претставници од СКРМ беше договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.
Колективниот договор за културата е склучен на 30.12.2019 година. Со членот 130 беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66 (плати на вработените во областа на културата) кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.
Со ова, платите во културата за месец јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор.