„Комуналец“ го исчисти споменикот на Гоце Делчев и Градскиот плоштад пред утрешното одбележување на годишнината од раѓањето

-Со секојдневно подобрување на хигиената на јавните површини ЈПКД „Комуналец„ се обидува да го подобри изгледот на околината во која секојдневно сме присутни. Со денешното чистење на споменикот на Гоце Делчев се надеваме дека ќе се подобри изгледот на Градскиот плоштад, а сето тоа ќе допринесе и зголемување на одговорноста и свеста на самите граѓани за поубав и почист изглед на животната средина, соопштија денеска од ЈПКД „Комуналец“.

-Веруваме дека нашата посветеност започнува да дава резултати кои со одговорното однесување на сите нас ќе станувааат се поголеми и повидливи. Апелираме и укажуваме за чување и неуништување на урбаната опрема, за оставање на сметот исклучиво во кантите за отпадоци. Колку повеќе ја подигаме еко свеста толку поскоро ќе добиеме убаво, чисто и пристојно место за живеење, се наведува во соопшптението на струмичкото комунално претпријатие.