„Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на влезот во градот од Валандово

 „Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на влезот во градот од Валандово

-Чистењето на дивата депонија на влезот во Струмица покажува дека кај некои наши сограѓани се уште не постои никаква свест за чиста животна средина. И покрај поставената табла за забрането фрлање на отпад, некои редовно го фрлат својот отпад покрај патиштата. Ги информираме нив и сите останати својот кабаст отпад и градежен шут да го пријават на телефонскиот број 13-110 и истиот во договор со службата ќе им биде подигнат од дворот, објавија денеска од ЈПКД „Комуналец“.

-Ние секојдневно чистиме диви депонии, даваме решенија како да се подобри ситуацијата, како да се дојде до поквалитетно и почисто животно опкружување. Само со заеднички напори и меѓусебно разбирање можеме да ја оствариме истата цел – поубава и почиста животна средина за сите нас, се додава во информацијата од струмичкото комунално претпријатие.

Share via
Copy link