fbpx

„Комуналец“-контејнерите се затрупани со кабаст отпад и исечени гранки

 „Комуналец“-контејнерите се затрупани со кабаст отпад и исечени гранки

-Со неодговорно, недомаќинско и малограѓанско однесување продолжуваме да правиме лоша слика на улицата во која живееме и генерално на целиот град. Уште еден класичен пример кој покажува на кое ниво е свеста на некои од нашите сограѓани. Продолжуваме со чистењето и укажуваме дека ваквиот тип на отпад се пријавува на бројот 13-110 24 часа дневно, седум дена во неделата и се подига во нарбрзо можно време од пред вашиот двор, но и покрај оваа услуга оставањето на ваков тип на смет до контењери низ градот продолжува. Од самите нас зависи дали ќе живееме во почиста и поуредена средина или по улиците секојдневно ќе наогаме купишта смет. Очигледно некои наши сограѓани сеуште не можат да го сфатат значењето и убавината на чистата и уредена животна средина за кои многу од нас секојдневно се борат, стои во објвата на ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link