fbpx

Костадинов: Ги подготвуваме улиците во градот и селата за јавниот електричен превоз

 Костадинов: Ги подготвуваме улиците во градот и селата за јавниот електричен превоз

-Работиме и напредуваме секој ден се повеќе. Општинското лидерство во државата го прошируваме и на Балканот.Ги подготвуваме улиците во градот и населените места за јавниот електричен превоз во Општината, за прв пат во историјата на Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Денеска втор слој асфалт се става на улицата „Чедо Филиповски Даме“ на површина од 700 метри квадратни, а во вредност од над еден милион денари од општинскиот буџет.Следно е Просениково, со две улици во вкупна површина од над 2 илјади метри квадратни за кои одвоивме над 2 милиона денари.Струмица не е било која Општина, Струмица е лидер, со неа се гордееме и за неа од срце работиме, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link