fbpx

Костадинов го разреши директорот на училиштето од кое е осомничениот наставник за полов напад на дете

 Костадинов го разреши директорот на училиштето од кое е осомничениот наставник за полов напад на дете

-Ред, дисциплина и одговорност мора да има, секогаш и секаде во општина Струмица.Како човек и градоначалник сум згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените.Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот на училиштето.Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители, порача Костадинов.

Share via
Copy link