fbpx

Костадинов: Се бетонира улица во турското маалo

 Костадинов: Се бетонира улица во турското маалo

Градоначалникот Костадин Костадинов на својот официјален фејсбук профил сподели дека се асфалтира улица во турското маало.

– Продолжуваме со реализација на програмата на општина Струмица со бетонски работи во 2022 година. Се работи на изведба на улица во турското маалo спрема Турските гробишта со должина од 160 метри. Исто така во овој дел од градот ќе се реализира и потпорен ѕид на почетокот на оваа улица и реконструкција на дел од улица ,,Бетовенова” со спој на улица ,,Братство”.Од срце за цела Струмица!, напиша градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link