Костадинов: сите угостители прифатија да ги отстранат неправилностите и доброволно да го ослободат Плоштадот

 Костадинов: сите угостители прифатија да ги отстранат неправилностите и доброволно да го ослободат Плоштадот

-Сите угостители се согласија и прифатија да ги отстранат неправилностите кои ги констатираа инспекторите, и доброволно да го ослободат плоштадот.Верував дека ваквото решение е најдоброто – и за граѓаните и за угостителите, објави градоначалникот, Костадин Костадинов.

-Како градоначалник, ќе бидам прв кој ќе застане зад иницијатива за измени на Законот за градење, каде на разумен и рационален начин ќе се вградат потребите на угостителите, но и ќе се зачува јавниот интерес на сите граѓани.Стар или нов правилник не го решава суштински проблемот – решението е во дијалог, почитување и разбирање.Благодарен сум за поддршката од граѓаните и од сите угостители. Само заедно можеме да си ја направиме нашата Струмица уште поубава, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link