fbpx

Костадинов: Спортска Струмица, чекор по чекор, ја враќа старата добра традиција на негување на малиот фудбал

 Костадинов: Спортска Струмица, чекор по чекор, ја враќа старата добра традиција на негување на малиот фудбал

Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со Горан Пандев вечерва го отворија меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ кој ќе се одржува на спортскиот терен во населбата „Чифлик“.

„Спортска Струмица, чекор по чекор, ја враќа старата добра традиција на негување на малиот фудбал. Тоа, на најдобар можен начин, го најави и вечерашното отворање на вториот Меморијален турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ кое се случи на спортскиот терен во населбата „Чифлик“. Ја имав честа да го отворам турнирот и да ги поздравам присутните, меѓу кои и македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев, посакувајќи им успех на екипите – учеснички, а со желба, во квалитетна и фер игра да победат најдобрите.“ објави Костадинов на фејсбук страницата.

Со 20 екипи од повеќе македонски градови, но и со награден фонд од 1 милион денари, Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ станува најголемиот турнир во државата, а главен покровител е Општина Струмица.

Share via
Copy link