fbpx

Костадинов: Струмица работи во интерес на младите

 Костадинов: Струмица работи во интерес на младите

-Струмица работи во интерес на младите. Огромно беше задоволство да се биде активен учесник на денешната тркалезна маса „Поддршка на изборни реформи“,во рамките на проектот „Општина по мерка на младите“. Овој проект на Центарот за истражување и анализи „Новус“ опфаќа мониторинг на предизборното ветување за формирање Локален младински совет на општина Струмица. Беше тоа прекрасна можност да ги споделам преземените чекори на Општината кои се во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.Покрај успешната реализација на неопходните процедури за формирање Локален младински совет , во општинската зграда, веќе неколку месеци, трае адаптацијата на просторот наменет за негови активности, објави градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link