fbpx

Костадинов:трета година по ред Струмица е музичкиот центар на Балканот и пошироко!

 Костадинов:трета година по ред Струмица е музичкиот центар на Балканот и пошироко!

-Домаќини сме на светски познати имиња од музичката сцена, поддржани од талентираните локални музички артисти, комбинација со која ги отворивме вратите за илјадници гости и посетители од регионот. За Струмица „Get EXITed“ е повеќе од фестивал. Ова е настан кој го поттикнува економскиот раст во Струмица, поддржувајќи ги локалните бизниси и создавајќи можности за нашите граѓани. Со овој настан, Струмица трета година по ред е дестинација за културен туризам, привлекувајќи посетители кои придонесуваат за просперитетот на нашата општина, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по третиот „Get EXITed“, кој се одржа синоќа.

Share via
Copy link