fbpx

Кривична пријава за криумчарење мигранти за две лица

 Кривична пријава за криумчарење мигранти за две лица

На 03.01.2024 во просториите на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопштија денеска од МВР.

Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.


Во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди“ и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес“ со пет лица мигранти од Кина во него. Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски таблички од друго возило. Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link