fbpx

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

 Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

МВР соопшти дека на 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид“.

На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“ во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.

Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица. 

Share via
Copy link