fbpx

Кривична пријава за полицаец од Струмица за „предизвикување општа опасност“

 Кривична пријава за полицаец од Струмица за „предизвикување општа опасност“

МВР денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 29.06.2024 околу 06:20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на улица „Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал.

Пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина. 

Share via
Copy link