fbpx

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев гласаше на партиските избори во Струмица

 Лидерот на СДСМ, Зоран Заев гласаше на партиските избори во Струмица

Лидерот на СДСМ и единствен кандидат за претседател на партијата, Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица, денес напладне гласаше на првите директни внатрепартиски избори. Своето право на глас Заеви го остварија на партиското избирачко место 16604 во Струмица.

Според претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Мадиќ, излезноста до 12 часот е 46 отсто од вкупно запишани 68.990 членови во избирачки список.

Во Струмица излезноста е најголема и изнесува 60 отсто.

Share via
Copy link