Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украле пари од каса од продавница

 Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украле пари од каса од продавница

На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје, соопштија од МВР.

Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени.

Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link