Полн полициски билтен: возење без возачка дозвола, сообраќајка,семејно насилство…

 Полн полициски билтен: возење без возачка дозвола, сообраќајка,семејно насилство…

На 18.07.2026 во 00:35 часот на раскрсница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Е.И.(35) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Е.И.. и по извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 18.07.2026 во 08:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионален пат помеѓу Гевгелија и Богданци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(67) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.И.(62) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Б.И., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

На 18.07.2026 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во помошен објект лоциран до семејниот дом на Б.Н. од село Ораовица, радовишко. Од страна на ТТПЕ Радовиш пожарот вил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид. 

На 18.07.2026 во 10:20 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш лишија од слобода 32-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.07.2026 во 15:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Ј..(48) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.07.2026 во 21:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.А.(25) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.07.2026 во 18:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и искршил предмети од покуќнината. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.07.2026 во 22:45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода Ж.П..(43) од Вландово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со валандовски регистарски ознаки, кој го управувал Ж.П. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува соодветна категорија за управување на такво возило. Мотоциклот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 19.07.2026 во 00:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ф.(37) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ф.. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 19.07.2026 во 00:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Б.(23) од село Моин, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Б., а по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 19.07.2026 во 00:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ч.(25) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Б.(23) од село Моин, гевгелиско, на кој сопатник бил А.Ч. и при извршениот преглед кај А.Ч. била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link