„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Маџунков, Илиев и Украинецот Волков нови засилувања на шампионот Струмица
Повеќекратниот одбојкарски шампион, Струмица, настапите во Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос ќе ги почне со три засилувања-Филип Маџунков, Стојан Илиев, кои се вратија повторно во клубот од кој потекнуваат, како и Украинецот Роман Волков, кој ќе ги брани шампионкските бои на струмичани во Лигата на шампиони и евентуално во Купот на ЦЕВ.
Првиот натпревар со Грците Струмица го игра на домашен терен на 17 септември, а реваншот е седум денови подоцна во Пиреа. Доколку нашите одбојкари не успеат да го поминат квалификациското коло, тогаш ќе настапат во Купот на ЦЕВ каде на 1 октомври ќе го очекуваат победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар.