Малолетник од дојранско Фурка потешко повреден откако со мотоцикл удрил во автомобил
Малолетник од дојранско Фурка потешко повреден откако со мотоцикл удрил во автомобил

СВР Струмица сопшти дека во 12:25 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во село Фурка, дојранско, 15-годишник од истото село, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(25) од село Фурка.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Фото: архива илустрација