fbpx

Млади струмичани со графити разубавуваат трафостаници

 Млади струмичани со графити разубавуваат трафостаници

Деновиве започна со реализација проектот „Струмица Еко графити“ на здружението на граѓани „Прогрес ПРО-РЛ“, а согласно годишната програма за финансиска поддршка на проекти од граѓанскиот сектор по јавен повик од Програмата Г1 поддршка на ЛЕР од буџетот на општина Струмица за 2020 година, соопштија од Општина Струмица.

Проектот опфаќа уредување, односно, ликовно разубавување на дел од објектите (трафостаници) коишто се наоѓаат во урбаниот дел на градот каде има поголема фреквенција на луѓе.

Планирано е да се разубават неколку трафостаници на различни локации, а првата е веќе завршена и се наоѓа на улицата „11 Октомври“.

Share via
Copy link