fbpx

Моторциклист удрил во петгодишно девoјчe во Банско

 Моторциклист удрил во петгодишно девoјчe во Банско

Вчера во 20.30 часот било пријавено дека во село Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.И.(29) од истото село удрил во девојче пешак на возраст од пет години од село Банско, соопштија од МВР

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош.

Бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link