„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
МВР-билтен:Двајца потешко повредени во сообраќајки , горел и „мерцедес“ во Струмица
Вчера во 11:40 часот на регионалниот пат село Смоквица-село Прдејци, Гевгелиско, П.И.(19) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 13.07.2020 во 07:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „4 Јули“ во Струмица се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(20) од Струмица и патничко возило „рено меган“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В. (50) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.В., констатирани во Медицински центар Струмица, каде била пренесена за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Вчера во 09:00 часот во Полициската станица Струмица, Д.А.(62) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки. Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица.