fbpx

Гласаат болните и немоќните, затвореници и граѓани во установи за згрижување

Во општините од Југоистокот денес почна гласањето на болните и немоќните, затворениците и граѓани кои живеат во установи.

Во општина Струмица денес гласаат 466 болни и изнемоштени лица. Покрај нив правото на глас можат да го остварат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров“ и Заводот за заштита и рехабилитација  на деца и младинци „Бања Банско“.

Според информациите од општинските изборни комисии гласањето се одвива нормално и без проблеми и се очекува во некои општини да заврши во попладневните часови.

Инаку, во општина Струмица се запишани 49.341 гласачи, кои можат да гласат на 83 избирачки места во градот и населените места.

Share via
Copy link