fbpx

На подрачјето на СВР Струмица казнети 197 возачи за брзо возење

 На подрачјето на СВР Струмица казнети 197 возачи за брзо возење

На 19.02.2023 во периодот од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 197 пречекорување на брзината, од кои 81 на подрачје на Струмица, 50 на подрачје на Радовиш, 37 на подрачје на Гевгелија и 29 на подрачје на Валандово. 122 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 75 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Share via
Copy link