fbpx

Костадинов: Пожарот кај Софилар е ставен под контрола

 Костадинов: Пожарот кај Софилар е ставен под контрола

Пожарот кој околу пладне избувна во атарот на населбата Софилар, а чадот и пепелта се почувствуваа во градот, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-И покрај ветерот, брзата интервенција на пожарникарите не дозволи негово проширување.Да бидеме спокојни, пожарот е локализиран, а состојбата и понатаму ја контролираат нашите пожарникари.Голема благодарност до ТППЕ Струмица и нашите пожарникари, напиша Костадинов.

Share via
Copy link