fbpx

На седница на Советот усвоени повеќе предлог одлуки и решенија кои значат продолжување на општинските процеси и почитување на граѓанските потреби

 На седница на Советот  усвоени повеќе предлог одлуки и решенија кои значат продолжување на општинските процеси и почитување на граѓанските потреби

На денешната 12-та седница на Советот беа усвоени повеќе предлог одлуки и решенија кои значат продолжување на општинските процеси и почитување на граѓанските потреби.

„Ќе имаме Акциски план за родово базирано насилство за 2022-2023 година, а усвоена е одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Стационар Лана Струмица и избрани членовите на Управниот одбор на новата детска градинка ,,Виножито”.Покрај тоа зелено светло добија и предлог – одлуката за измена на Одлуката за извршување на буџетот за 2022 година, предлог – програмата за измена на Програмата за уредување на градежно земјиште и неколку предлог – одлуки од областа на урбанизмот“ објави Костадинов.

Општина Струмица уште еднаш ја потврди својата хуманост и солидарност со одобрување на парична помош за Ерџан Раманов од Струмица.

Share via
Copy link