Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Нема покачување на платата на наставниците
Наставниците во основното и средното образование годинава нема да го добијат предвиденото зголемување на платите и ќе останат без ветените пари.
Нивното усогласување со растот на минималната плата беше закочено поради двојните избори што се одржаа оваа пролет.
Министерката Јаневска ги замоли наставниците да постапуваат со онаа пасија како кога се запишале на факултетот, како кога ја посакале таа професија, и да ја реализираат оваа учебна година со нивната волја и желба, за да придонесат за знаењето на учениците и за напредокот на државата.
„Она што им следува на наставниците, тие ќе го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи. Јас како министер грчевито ќе се борам на Влада, тоа да биде што е можно повеќе“, рече Јаневска.