fbpx

Невреме во најава за викендов, се очекува пад на температурите

 Невреме во најава за викендов, се очекува пад на температурите

Според УХМР, времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ индексот ќе биде 8.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат.

Share via
Copy link