fbpx

Објавен извештајот од истражувањето за мапирање на актуелните практики во однос на просторното планирање и издавањето на одобренијата за градба, кој се спроведуваше во 8 општини

 Објавен извештајот од истражувањето за мапирање на актуелните практики во однос на просторното планирање и издавањето на одобренијата за градба, кој се спроведуваше во 8 општини

Ова истражување е спроведено во осум таргетирани општини (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип). Со цел да се мапира состојбата, Центарот за граѓански комуникации, заедно со невладините организации вклучени во спроведување на проектот „Заштита од корупција“ (Младински културен центар – Битола, Рурална коалиција, Центар за интеркултурен дијалог, Еколошко друштво ‘Вила Зора’ Велес, Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица, Здружение Мултикултура, Здружение на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владение и ЕХО Едукативно-хуманитарна организација), до осумте општини вклучени во проектот достави идентични барања за информации.

Беа побарани следните информации за периодот 2018 – 2022 година: годишните програми на општините за изработка на урбанистистички плански документи; информација кога е донесен актуелниот Генерален урбанистички план на општината; листа на сите донесени детални урбанистички планови (ДУП) и нивните измени во петгодишниот период; информација за бројот на промени на ДУП по барање на физички лица, како и за бројот на промени по иницијатива на самата општина; листа на парцели во сопственост на РСМ кои биле во функција на граѓаните (плоштади, паркови, спортски комплекси), а кои биле пренаменети во градежни парцели во анализираниот период; информации за организациската единица за урбанизам и градежништво во чија надлежност е постапувањето по поднесени барања за издавање одобрение за градење; информации поврзани со издавањето одобренија за градење; информации за барањата за утврдување правен статус на објект (легализација) и информации во врска со вршење инспекциски надзор од областа на урбанизмот и градежништвото.

Share via
Copy link